Актуелно 05.09.2018 19:16

Не мора да чекате ред на шалтери: Сметките за вода ќе се плаќаат онлајн

Не мора да чекате ред на шалтери: Сметките за вода ќе се плаќаат онлајн

Граѓаните ќе можат да ги плаќаат електронски своите сметки за вода преку новата веб-услуга  “Плати вода”  на ЈП „Водовод и канализација”.

Преку оваа услуга на корисниците им се овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот „Мој Водовод“.

Плаќањето може да се изврши со кредитна или дебитна картичка без провизија. Со тоа граќаните ќе заштедат време и пари. Покрај плаќање на сметките, граѓаните ќе можат да извршуваат преглед на долгот, пријавување на дефект или плаќање на рати.

Најнови вести