Актуелно 29.06.2023 10:51

Не преплавија домати, краставици, риба: Расте увозот на албански производи во Македонија

Не преплавија домати, краставици, риба: Расте увозот на албански производи во Македонија

Во првите пет месеци од годинава албанскиот извоз во Македонија се зголемил за речиси 1,7 милијарди лека (15, 7 милиони евра) споредено со истиот период минатата година.

Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешно трговската размена, во периодот јануари-мај, во Македонија се извезени стоки во вредност од околу 9,2 милијарди лека или 82,2 милиони евра.

Наспроти растот на албанскиот извоз се намалува увозот на македонски производи во Албанија.

Во овој извештаен период забележан е пад на увозот на стоки од Македонија и тоа за 813 милиони лека(7,5 милиони евра). Според податоците, увозот резултира со бројки од 5,8 милијарди лека (53,7 милиони евра) наспроти 6,6 милијарди лека (61,1 милиони евра) колку што бил во првите пет месеци од 2022 година, наведува ИНСТАТ.

Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, производи од тесто итн.

Албанија и Македонија тесно соработуваат во рамките на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 година и од 2011 година трговијата меѓу двете земји е либерализирана и работи без царински давачки.