Цената на нафтата за последен пат во август 2014-та година беше над 100 долари, но техничкиот аналитичар Луис Јамада смета дека графиконите не го исклучуваат враќањето на трицифрени цени на суровината.
Во интервју за „CNBC“, Јамада објасни дека за да се стигне таму цената на нафтата прво мора да се пробие низ неколку клучни нивоа.
„Постои проблем со нафтата, сетете се дека цената на суровините паѓа речиси 80% од 2008-ма година и од максимумот во 2011-та година“, вели тој. „Мислам дека ако ги достигне овие цели, цените на нафтата ќе се соочат со отпор од колапсот во 2014-та година“.
На краток рок, извршниот директор на „Louise Yamada Advisors“ предвиде дека цените на суровата нафта би можеле да се зголемат до 78 долари за барел, благодарение на некои формации во графиките.
„Овој раст на нафтата е многу бавен шестмесечен процес“, вели тој. „Но, имаме тригодишен план според кој може да ја земеме цената на 75 или 78 долари за барел, каде што ќе се соочи со сериозниот отпор на четиригодишното намалување во 2014-та година“.
Ова значи дека, според Јамада, на краток рок, може да има уште 18% пораст на цената на нафтата.
Суровината е зголемена за повеќе од 9 отсто од почетокот на годината, а вчера останаа над 66 долари за барел.