Живот 24.01.2021 20:34

„Не ти е срам“: Елена ги распамети фановите – по долна облека се растегна по спиење!

„Не ти е срам“: Елена ги распамети фановите – по долна облека се растегна по спиење!

Велат дека за убав ден и позитивна енергија, најдобро е веднаш по отворањето на очите, убаво да се протегнеме во креветот, а ако имаме време, тоа да го направиме и со неколку вежби во домашни услови.

На оваа утринска пракса за се да почне убаво, се впушти нашата популарна пејачка Елена Ристеска, која од рано наутро ги распамети своите бројни обожаватели.

Соблечена само по градник и куси пижами, Елена застана пред прозорецот со тегови во рацете и почна да го растега своето тело.

Освен што им ја покачи возбудата на момците кои се нејзини следбеници, пејачката ги стави и во дилема кој така рака наутро ги направи овие жешки кадри додека таа вежба.

Да не остане несфатена, Елена им одговори дека оној што и помогна во реализацијата се вика „тајмер“.

Ваквото вежбање, несомнено резултираше со инстант позитивна енергија и духовитост која Елена не ретко ја има.