Актуелно 04.10.2019 10:45

Не запираат партиските вработувања во администрацијата!

Не запираат партиските вработувања во администрацијата!

Партиските вработува и полнење на државната и јавната администрација речиси никако да престане. Не поминува ден а да не е објавен некој оглас за вработување, па така според објавените огласи во овој период се отвораат работни места за над стотици административци во министерствата, во државните инспекторати, собранието, па се до кабинетот на премиерот на Владата, Зоран Заев.

Но, она што се отвора како прашање е зошто се распишуваат огласи во моментот кога Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација неколку пати изјави дека администрацијата е пренатрупана па само поради тоа ќе ги убедува административците да ги напуштаат чиновничките позиции и да заминат на работа кај приватни газди.

Според најновите податоци кои што ги објави министерството, јавната администрација се зголемува, а во државните институции работат над 132.000 лица што е за 3300 лица повеќе од претходната година. Заедно со вработените во јавните претпријатија и акционерските друштва со државен капитален бројот на вработени во јавен сектор изнесува 143.000 лица.

Наместо непартиска и професионална администрација истата стана место за вдомување на членовите на семејствата, пријателите и партиските кадри на СДСМ.

Владата на СДСМ останува глува и на препораките на ЕУ дека администрацијата е преполна, а не се држи ни до нивниот т.н. план за реформи според наводно кој истата требаше да биде професионална и непартиска и во функција на граѓаните на Република Македонија.