Актуелно 27.11.2023 13:53

Небезбедна флаширана вода на полиците во македонските маркети – итно се повлекува!

Небезбедна флаширана вода на полиците во македонските маркети – итно се повлекува!

Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот производ:

Негазирана природна минерална вода „МИРОС“ во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литри. Рок на употреба: до 30.08.2024 година

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради микробилошка неисправност и ризик по здравјето на луѓето. Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18), се вели во соопштението на Агенцијата за Храна и Ветеринарство до граѓаните. ()