Минатогодишното истражување на американската компанија Галуп утврди дека секојдневните негативни емоции на вработените ја чинат светската економија дури 8,9 трилиони долари, што е девет отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП).
Во истражувањето учествувале 128.278 вработени од 140 земји. Имено, 20 отсто од споменатиот број луѓе кои учествувале во истражувањето изјавиле дека секојдневно се чувствуваат осамено, луто или тажно, додека 41 отсто изјавиле дека секојдневно се чувствуваат под стрес.
Утврдено е и дека помладите вработени (22 отсто), оние кои се вработени со полно работно време (25 отсто) и оние кои се чувствуваат неангажирани на работа (31 отсто) имаат поголема веројатност да се чувствуваат осамено.
Како што пренесува CNN, иако работата не е секогаш причина за секојдневни негативни емоции, работодавците треба да бидат загрижени. Тие секогаш треба да имаат на ум дека работата ме да ја подобри или влоши благосостојбата на вработените.
Истражувањето на Галуп исто така покажа дека оние на кои нивната работа им е значајна имаат повисоко ниво на секојдневно уживање и помалку негативни емоции. Покрај тоа, повеќе од половина од оние кои се чувствуваат ангажирани на работа напредуваат во нивниот целокупен живот. Оценето е дека секојдневните негативни емоции на работа и чувството на неангажман на работа се полоши од невработеноста.
Кога станува збор за чувството на ангажираност на работа, САД и Канада се на прво место, додека встраиа, Нов Зеланд, Латинска Америка и Карибите предничат во однос на успехот на вработените. Сепак, САД и Канада се на второ место по бројот на оние кои тврдат дека секојдневно доживуваат стрес на работа, веднаш по Блискиот Исток и Северна Африка.
Од друга страна, европските вработени имаат најниско ниво на ангажираност, додека Јужна Азија е лошо рангирана во однос на бројот на вработени кои се сметаат себеси за успешни во целина, пренесува CNN.