Актуелно 22.03.2021 20:27

Некој храбар со Ауди А8 го удри внук ми на пешачки на Партизанска и кидна

Некој храбар со Ауди А8 го удри внук ми на пешачки на Партизанска и кидна

Синоќа на булеварот Партизански одреди во Скопје се случила сообраќајна незгода во која возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата напуштило лице место, удрило во 15 годишен пешак од Скопје.

Министерството за внатрешни работи информираше дека сообраќајната се случила во 20,00 часот, а за неа на се пишуваше и на твитер.

Од полицијата информираат дека по незгодата пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.