Мозаик 29.10.2018 13:27

Неколку начини како да препознаете дали сте алергични на пеницилин

Неколку начини како да препознаете дали сте алергични на пеницилин

Пеницилинот беше откриен од страна на шкотскиот научник Александар Флеминг во 1928 година и се верува дека спасил околу 200 милиони животи од неговата прва употреба во 1942 година. Иако е многу раширен, многу луѓе веруваат дека се алергични на пеницилин. Според Американската академија за алергија на астма и имунологија, еден од 10 пациенти веруваат дека има алергија на пеницилин.

На што треба да обрнете внимание за да бидете сигурни дека имате алергија или не. Симптомите обично се појавуваат еден час по земањето на лекот. Многу е често несаканите ефекти на антибиотикот се мешаат со алергиските реакции. Ако не сте сигурни дали имате алергиска реакцијата или не, обрнете внимание на следново.

Лесна алергиска реакција на пеницилинот се манифестира како осип на кожата, чешање, протекување на носот, губење на здив и солзави очи. Ретко кога некоја особа добива анафилактичен шок, што е сериозна алергиска реакција која бара брз одговор.

Лекарите предупредуваат дека во овој случај целото тело е зафатено и реакцијата се јавува во рок од неколку минути од моментот на земање на лекот, а понекогаш се потребни и неколку часа. Сериозните реакции вклучуваат оток во грлото или устата, промена во функцијата на срцето, абдоминална болка и губење на свеста.

Ако некој падне во анафилактичен шок, се советува веднаш да се реагира и да му се помогне на лицето. Најдобро е веднаш да се даде инјекција на адреналин и да се јави во брза помош.

Бидејќи често симптомите на алергија се мешаат со несаканите ефекти, многу е важно да научите да ги разликувате и да не го ризикувате вашето здравје. Кога пациентот ќе му нагласи на лекарот дека е алергичен на пеницилин, тој треба да ја промени терапијата и да вклучи друг антибиотик.

За третман на пеницилинска алергија, најдобро е да избегнувате антибиотици. Ако сте алергични и земете лек, вашиот лекар може да ви препише соодветни антихистаминици кои ќе ги третираат последиците.

Најнови вести