Луѓето кои имаат високи нивоа на емоционална интелигенција се особено самосвесни за разлика од другите, работат одлично во тим и полесно ги решаваат конфликтите. Но, како да откриеме дали една личност е емоционално интелигентна?
Внимавајте на овие знаци.
Тие управуваат со своите емоции
Самоконтролата е нивната најзначајна карактеристика. Познатиот автор на книгата со наслов на оваа тема истакнува дека разумните луѓе кои успеваат да одржат контрола над своите емоции се оние кои одржуваат и фер и безбедна средина и пријателства. Во ваквото окружување, драмата е на ниско ниво, а продуктивноста е висока.
Тие се познаваат себеси
Животот понекогаш станува напорен, обврските се натрупуваат, доаѓаат и тажни денови, но овие луѓе секогаш практикуваат да се грижат за себеси. Тие ги евалуираат своите чувства, ги проценуваат своите реакции и знаат што е тоа што ги прави тажни, несреќни или гневни. Познавањето на себеси за нив е добар барометар за среќата, но и личен раст и развој.
Тие одговараат, не реагираат
Тие не дозволуваат да збеснат поради различни ситуации бидејќи знаат дека луѓето се различни и тие не мораат да реагираат на секој различен карактер. Тие наоѓаат корен на негативните реакции (свои и на останатите) и се обидуваат секогаш да одговорат со самоконтрола и самодоверба. На тој начин, тие развиваат ефективна комуникација со другите луѓе и остануваат смирени дури и во најбурните и тешки моменти.
Се ставаат себеси во „туѓите чевли“
Овие луѓе имаат високо ниво на емпатија, што е одлична карактеристика за успешни меѓучовечки односи. Емпатијата е нешто со што не се раѓаме, туку таа се развива во нас, благодарение на различни фактори. Првиот чекор е волјата да се разберат другите луѓе, да се разберат условите во кои тие функционираат и да се разбере нивната болка.
Тие не дозволуваат нивното его да победи
По расправија или конфликт, тие не дозволуваат нивното его да ги победи на сметка да изгубат пријател или друга важна личност во нивниот живот. Социјалните вештини се најважните карактеристики на емоционалната интелигенција, а емоционално интелигентните луѓе поседуваат богатство од социјални вештини кои им помагаат успешно да ги решаваат конфликтите. Тие знаат дека животот некогаш носи тешки ситуации особено во меѓучовечките односи и прават се што е можно за да ги решат таквите ситуации, без поголеми последици.