Економија 10.05.2018 12:30

Неколкукратно намалена добивката на Лотарија на Македонија

Неколкукратно намалена добивката на Лотарија на Македонија

Лотарија на Македонија за периодот 01.01.2018-31.03.2018 оствари добивка по оданочување од 1.385.000 денари, додека за истиот период од претходната година
покажа добивка по одданочување која изнесуваше 24.306.000 денари, соопшти компанијата.

„Ваквиот финансиски резултат од извештајниот период за тековната година, споредено со извештајниот период од минатата година е резултат на следните
показатели: вкупните оперативни приходи се намалени за 76%, вкупните оперативни расходи се намалени за 10%.
Оперативните приходи се намалени и бележат пад од 76%“, соопшти компанијата.
Оттаму инфомираат дека основна дејност на друштвото е издавање на деловни простории под закуп.
„Друштвото е насочено кон зголемување на овој тип на приходи и во оваа година. Вкупните оперативни расходи се намалени за 10%, како резултат на залагањето
на друштвото во овој период од 2018 година во намалувањето на оперативните расходи како што се: трошоците за потрошени материјали (83%), услугите од
производните и непроизводните организации (5%), амортизацијата (2%), останатите трошоци од работењето (65%)“, информираат од компанијата.