Актуелно 18.03.2024 08:15

Нема јавни податоци за фирмата која ја презема „Тор индустрис„ на внукот на Ахмети, Дрин

Нема јавни податоци за фирмата која ја презема „Тор индустрис„ на внукот на Ахмети, Дрин

Минатата недела Тхор, фирмата на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети објави дека оваа компанија која претходно ја купуваше Соравија ќе биде преземена од Тексас Американ Интернешнл Холдиннгс Инкорпорејтед.

КОД во трео продолжение истражуваше, но не можеше да најде никакви јавно достапни податоци за фирма со такво име, кое беше претставена како успешна и водечка фирма на светскиот пазар.

Во КОД вечерва и нови детали за бизнис партнерот на Дрин Ахмети од Тексас, Ник Мехмети кој води бизнис асоцијација, а во градот Далас води стриптиз клубови и го придружуваше министерот за образование Јетон Шакири на средби со дијаспората.

Во КОД и детално за обвиненијата против Љупчо Пецов викан Ѓаволот и против Стојан Чифлигароски. Двајцата се во бегство, а се обвинети во предметот Синџир за даночни измами со лажни фактури.

Пецов-Ѓаволот во меѓувреме извршил слично кривично дело со злоупотреби со количина на купена нафта на повеќе тендери, а за исто такво дело веќе беше осуден на 9 години затвор. (КОД Телма)

()