Актуелно 23.10.2019 14:46

„Немојте никогаш, ама баш никогаш да го разочарате народот, од него ќе ја имате довербата“

„Немојте никогаш, ама баш никогаш да го разочарате народот, од него ќе ја имате довербата“

Драги пријатели, Не чека многу работа. А главните предизвици доаѓаат по формирањето на новата влада. Ни престои обнова за која мораме да се избориме. А обновата е сонот за Македонија каква секогаш сме ја сакале и заслужувале. Горда, Исправена, Европски интегрирана, техниолошки тигар на Балканот, со зони кои работат, со фабрики кои се отвораат, со здравство кое функционира. Обновата значи да ги решиме и проблемите за кои говорев на почетокот, онаа неправдата која му е нанесена на Трајче и Сиљан од Битола, да помогнеме на Митре од Струмица, Жаклина од Ресен, Димитар од Карпош, да ја вратиме Гордана. Да решиме стотици, илјадници проблеми на граѓаните, рече во своето обраќање од Прилеп, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Нашата задача е да ја вратиме надежта кај луѓето и заедничката среќа. Да ги намалиме поделбите и омразата. Да постигнеме единство за националните прашања. Да донесеме правда. Мора да постои одговорност. Ќе го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се обогатија на грбот на народот, не само  да одговараат со казни, туку да го вратат украденото од народот во буџетот на Македонија. Мора да се врати одземеното. Ќе направиме да не застарува економскиот криминал. Никој во оваа држава не смее да заштитува криминал, а криминалците да се чуствуваат заштитени, рече Мицкоски.

-Сакам сега да ме слушате внимателно, Повеќето од вас овде ќе бидат кандидати и треба да знаат дека по изборите ќе имаат одговорна задача да и служат на земјата и да раководат со институциите. И имам неколку пораки да испратам до вас: Немојте никогаш, ама баш никогаш да го разочарате народот. Од него ќе ја имате довербата, и тој е најважниот столб во оваа држава. Вие му служите нему. Нема да имам милост кон било кој што ќе посегне по неправда и корупција, одговорност за сегашната власт ќе има за оние кои се огрешиле кон законот, а со лупа најблиску ќе ја следам и вашата работа и за секој престап одговорноста ќе биде понесена, без оглед колку некој е блиску до мене и колку битки заедно сме издвојувале.Тоа не ве прави големи, туку мора да ве прави поодговорни.  Мора да се врати кај народот вербата во политичарите зошто не сме сите исти, а доаѓа ново време. Ќе ја вратиме вербата со дела, изразен морален и етички кодекс на однесување и никакви делби на граѓаните. Не смееме да ги направиме грешките на оваа неодговорна власт, и да научиме од грешките на нашето владеење кои му сметаа на народот. Мора да работиме десет пати, сто пати подобро и понапорно од било кога досега за да ја обновиме земјата. Мора да го оствариме сонот за развиена држава, да отвориме досега најголема битка против неправдите. Не смее да се дозволува неефикасност во работата, незаслужени приоритети или врски во образованието и здравството. Не смее помалку вредните да го завземаат местото на успешните. Мора да се оствари ветеното и реално да се каже што ќе се оствари. Да ги тргнеме на страна национал романтичарските теми за лов на гласови, и да ја добиеме довербата со дела и проекти за подобар живот. Мораме државата да ја ставиме на брза патека за влез во Европската Унија. Да направиме реформи и да добиеме датум за преговори, а потоа да ги отвориме поглавјата кои ќе го направат животот подобар, потенцираше Мицкоски.

Не смееме да се однесуваме неодговорно и спрема националните прашања, додаде тој.

-Заборавете на лускузот и удобствата на државна сметка. Секој денар е туѓ и му припаѓа на напатениот народ. Обновата на Македонија не е само повисоките плати, пензии за кои ќе се бориме, пониските даноци кои ќе ги воведеме, туку и обнова на пристапот и начинот на практикување на политиката. Можеме и ќе успееме, рече Мицкоски.

Мудрите луѓе рекле “животот им припаѓа на живите, и тој кој живее мора да е подготвен за промени. Сѐ што можете да го направите, или за кое мечтаете да би можеле, започнете го. Храброста ги има генијот, моќта и магијата во самата себе”, порача Мицкоски пред присутните.