Економија 09.05.2018 10:21

Нестле ќе продава производи на Старбакс

Нестле ќе продава производи на Старбакс

Швајцарската компанија „Нестле“ ќе плати повеќе од седум милијарди долари за преземање на
малопродажбата на кафе, чај и храна од компанијата Старбакс, надвор од нејзините локали.

Иако цената е висока тоа сепак би можело да биде исплатливо за швајцарската компанија, бидејќи
нејзините брендови Нескафе и Неспресо ни одблизу не се познати во Америка како што е Старбакс со
приход од две милијарди долари од годишна продажба.
Договорот на компанијата Нестле и овозможува да продава и дистрибуира повеќе производи на Старбакс,
а договорот ги исклучува некои флаширани пијалаци кои се продаваат во и надвор од локалите на
Старбакс.
Во Нестле ќе преминат околу 500 работници на Старбакс, кои ќе го продолжат работењето од Сиетл.
Се очекува договорот да биде завршен до крајот на годинава.