Актуелно 01.10.2018 19:14

„Нетпрес“: Убиец од затвор му даде поддршка на Заев

„Нетпрес“: Убиец од затвор му даде поддршка на Заев

Полицаецот Енвер Тоска, кој е во притвор бидејќи се сомничи за грозоморното убиство во Беловодица, на вчерашниот референдум јавно му даде поддршка на премиерот Зоран Заев, за промена на уставното име на Република Македонија, објави Нетпрес.

Тој вчера на својата профилна слика додаде натпис „Излези за европска Македонија“, што беше водечко кредо во владината кампања за референдумот.

За потсетување, Енвер на 14 овој месец, го убил 36 годишниот Бекир А. а потоа го запалил. Полицаецот на убиениот прво му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“. Двајцата контактирале преку пораки на „Фејсбук“ при што се договориле истиот ден околу 14:30 часот Бекир да го види возилото, кое од страна на пријавениот му било понудено за продажба за сума од 3.600 евра. Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде што наводно требало да ги чекал сопственикот на возилото. Откако стигнале во атарот на село Беловодица двајцата излегле надвор од возилото. Во еден момент ЕнверТ. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми. По убиството, полицаецот одзел една ташна со 4.000 евра, пари кои биле предвидени да ги плати за возилото. Потоа, извадил шише со бензин и црна капа која му ја ставил на лицето Бекир А. и го запалил, пишува Нетпрес.

Нетпрес пишуваше дека полицаецот-убиец Енвер Тоска, иако не ги исполнувал условите да биде полицаец добил значка и пиштол по интервенција на ДУИ.

Неофицијално, убиството на Бекир, ја прелеало чашата на незадоволство на Македонците-муслимани од битолските и прилепските села кои во изминатиов период трпеле терор од Тоска и други Албанци блиски на ДУИ, а вработени во полицијата. Смртта на Бекир е последниот случај во низа во кој биле претепувани Торбеши, па дури дека имало и убиства, но нема докази.