Во Австрија невработеноста се намалува од месец во месец и во август падна на 7 проценти.
На крајот на август 344.651 луѓе биле без работа, што е за 8 проценти помалку од една година претходно.
Во исто време за 2.3 проценти се зголемил бројот на вработени граѓани, тоа се 86.000 нови работни места или вкупно 3.811.000 работни места.
За 9,1 проценти се намалила невработеноста кај мажите и за 5,7 проценти кај жените.
За 10.2 проценти се намалиле невработеноста на домашното население, а кај странците падот е 3.1 процент.