Економија 25.09.2023 13:33

Невработеноста во Германија на рекордно ниво

Невработеноста во Германија на рекордно ниво

Судејќи по сѐ, најголемата европска економија навистина се бори да се опорави од актуелната криза, а бројот на невработени во земјава годинава во просек ќе се зголеми за 190.000 во однос на лани.

Тоа е, имено, прогнозата на Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ). Како што се наведува, причините за зголемувањето на бројот на невработени се високата инфлација, растот на каматните стапки и слабата странска побарувачка.

Тие фактори го забавија економскиот раст, објави Институтот во петокот, а Федералната агенција за труд објави 2,7 милиони невработени во август.

„Економскиот пад ја погоди Германија. Тоа е забележливо и на пазарот на трудот, но релативно добро се држи во однос на слабата економија“, рече Енцо Вебер од ИАБ.

Посебен предизвик за Германците е недостигот на работници, првенствено квалификувани за одредени работни места, но актуелни се и прашањата како што се поттикнување инвестиции и развој на инфраструктурата.

– Затоа е потребна обемна програма за трансформација – рече Вебер.

Се предвидува следната година да има уште 60.000 невработени. Долгорочната невработеност во Германија е далеку над она што беше забележано пред пандемијата.

Но, и покрај ова, се наведува дека ќе се зголеми бројот на редовно вработени. За 2023 година, IAB очекува релативно скромно зголемување од 250.000, на 34,76 милиони вработени лица. Но, доколку прогнозата се оствари, зголемувањето ќе биде половина повеќе од 2022 година.