Националната федерација на фармери ќе одржи средба со претставници на медиумите.
На оваа средба, Федерацијата ќе даде осврт за состојбата на земјоделството за тековната 2023 година и препораки на предизвиците на кои што треба да се работи во 2024 година.
Националната федерација на фармери е невладина и непрофитна организација која ги застапува земјоделците од сите региони на Македонија и сите земјоделски потсектори.
НФФ има за цел да ги штити економските, социјалните и културни интереси и работи на подобрување на пазарните и производствени услови, во насока на одржлив развој и висок квалитет во земјоделството и руралниот развој. ()