Актуелно 25.12.2018 20:49

Николоски: 2018-та е дефинитивно најлошата година во постоењето на Република Македонија

Николоски: 2018-та е дефинитивно најлошата година во постоењето на Република Македонија

Оваа година дефинитивно е најлошата година за Република Македонија, според Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Оваа година се случи најголемата битка за државата, а тоа е видовте СДСМ тргна и за жал во финална фаза е за реализација на преименување на државата. Флоскула е секогаш опозицијата да вели дека што прави власта е негативно. Но навистина мислам ако во еден збор треба да се опише каква беше 2018-та година дефинитивно е најлоша година во постоењето на Република Македонија, појасни Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, при гостувањето во „Отворено Алфа“.

Николоски при гостувањето на емисијата образложи дека власта нема што да понуди, нема реална алтернатива, нема реални проекти. Имаме премиер на држава кој што не сме го виделе да слезе, еве веќе две години скоро е премиер. Не сме го виделе да слезе помеѓу народ да се сретне со земјоделци, со сточари, со студенти, со пензионери, со вработени, со невработени. Да тргне по градови да оди во Кочани, да оди во Прилеп, да оди во Штип, да оди во Охрид, да оди во Гостивар за да разговара со луѓето и да ги види нивните проблеми. Но и дел од тие проблеми да реши.

Единствено за што ги бидува е за сплетки и сплеткарења, кои што ако и на почетокот можеа да поминат, но сега апсолутно не поминуваат. Затоа што фактите се целосно различни од тоа што го зборуваат, нагласи Николоски.

Најнови вести