Актуелно 15.04.2019 16:47

Николоски: Битола ќе препознае дека Гордана Силјановска Давкова нуди концепт за правда кој што и е потребен на Македонија

Николоски: Битола ќе препознае дека Гордана Силјановска Давкова нуди концепт за правда кој што и е потребен на Македонија

Се надеваме дека во Битола ќе имаме повторно победа и дека ќе имаме голем успех, се надеваме дека Битола ќе препознае дека  Гордана нуди концепт за правда на Македонија кои и е потребен и внатрешно и надворешно, ова денеска од Битола го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Во Битола има разочараност кај луѓето поради неспособноста на градоначалничката тука, луѓето велат дека нема никакви проекти и дека Битола не се развива. Би можел да кажам дека тоа е нешто што се гледа и на ниво на држава, скоро и да немаме посериозен капитален проект во изминативе три години колку што е на власт владата на Заев, освен една гола критика и напад на опозицијата немаме никакви реализирани проекти што одразува една неспособност, додава Николоски.

Тој потенцира дека оваа неспособност која ја гледа во Битола ја има низ целата земја.