Актуелно 13.08.2024 13:15

Николоски: До крај на годината ќе се вози по новиот експресен пат Градско – Дреново

Николоски: До крај на годината ќе се вози по новиот експресен пат Градско – Дреново

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на својот фејсбук профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско – Дреново и најави завршување на истиот до крај на оваа година.

Во продолжение објавата и видеото од експресниот пат:

-Добро утро со ова видео од патот Градско Дреново.

Воведуваме нова динамика во работењето!

Со добра работа и организација до Нова Година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун, пишува Николоски во својата објава.