Ние одлучивме на секој граѓанин да оставиме сам да донесе одлука што ќе прави тој ден. Ова е за прв пат во Македонија мислам, односно ние оставаме индивидуата сама да одлучи бидејќи сме десничарска демократска партија. Партија која смета дека народот нас треба да ни каже што да правиме, а не ние да му кажуваме. Од Црвенковски, преку Георгиевски до Заев, мислат дека можат да му кажуваат на народот што да прави, му кажуваа овие 27 години и тоа најчесто погрешно. Со ова ја донесоа државата овде, затоа ние донесовме таква одлука, народот да одлучи, не случајно, рече потпретседалот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостувајќи во емисијата Фактор на телевизија 24.
Според него со многу работа и многу напор може да се постигне подобар договор, и како што рече истата ваква изјава ја дал, „а тоа во изминатиов период е најнапаѓана изјава“. Така е, вели тој, зошто боли податокот што некој во очи им кажува на премиерот и министерот за надворешни дека некој може да направи нешто подобро.
-Никој не може да ми го одземе правото да верувам во подобра иднина, а тоа е Македонците да не исчезнат зошто овој договор е вовед во исчезнуавње на Македонците, не физичко, туку на овој национален идентитет што Македонците го имаат за себе, посочи Николоски.