И покрај сите проблеми што ги наследивме од претходната Влада, ќе ги употребиме сите расположливи ресурси и експресниот пат од Куманово преку Ранковце до Крива Паланка ќе го завршиме до крај на годината, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски, при денешната посета на општина Ранко.
Министерот заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, придружуван од градоначланикот на Ранковце како и преставници од изведувачот и надзорот, извршија увид во изградбата на експресниот пат Kumanovo- Ранковце – Крива Паланка.
Министерот Николоски потенцираше дека во перидот од преземање на функцијата значително е засилена динамиката на градежни активности на терен. Експресниот пат се гради во две делници, истиот е со должина од 25,5 километри со вкупна вредност од 93,7 милиони евра.
“Овие четири недели ги искористив да ги анализрам проектите и не сум многу среќен. Има проблем со експропријација, со изведба, но тука сме да ги решаваме проблемите и ќе ги решиме. Овој експресен пат кој ја поврзува Крива Паланка преку Ранковце до Скопје но исто така поврзува два големи центри Скопје и Софија е од огромно знаење за сите граѓани и за бизнис секторот. Затекнавме проект кој имал слаба дникама, проект кој имал многу проблеми во минатото. Но заедно со директорот на ЈПДП Коце Трајановски, посветивме и ќе посветиме силно внимание во иднина и затоа можам со задоволство да кажам дека овој експресен а ќе бидет готов до нова година и потоа сите жители на Македонија па и на Бугарија ќе можат да го користат”, изјави министерот Николоски од Ранковце.
Со министерот сме на терен и ни претстои силна градежна активност во следниот период. Денеска извршивме увид на овој експресен пат и уверувам дека со министерството за транспорт заедно ќе работиме сите проекти да ги завршиме квалитетно, потенцираше директорот на ЈПДП Коце Трајановски.
“Работите се почнати 2018 година во две фази. Првиот дел е во должина од 15,5 километри и вредност од 43,2 милиони евра со прогес околу 68 %, тој е овој дел каде се наоѓаме и денеска на потег Длабочица – Чатал. Додека вториот дел е во должина од 9 километри и тој е во вредност од 50,5 милиони евра и некаде со прогрес од 91 %. Така да очекуваме да го завршиме како што кажа и минстерот до крај на година”, изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.