Актуелно 15.11.2019 15:09

Николоски: Мицкоски ќе победи затоа што е чесен, затоа што е поквалитетен и далеку поголем родољуб од Заев!

Николоски: Мицкоски ќе победи затоа што е чесен, затоа што е поквалитетен и далеку поголем родољуб од Заев!

МИЦКОСКИ ЌЕ ПОБЕДИ ЗАТОА ШТО Е ЧЕСЕН, ЗАТОА ШТО Е ПОКВАЛИТЕТЕН И ДАЛЕКУ ПОГОЛЕМ РОДОЉУБ ОД ЗАЕВ!

Антикорупциска комисија одлучи дека не постои судир на интереси кај Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Нема Никаква повреда на ниеден закон!

„Наводите во јавноста и медиумите околу средствата и финансирањето на неговите компании се неточни. Тој дојде во ДКСК и имавме многу конструктивно интервју. Во април 2015 тој е избран за советник на тогашниот премиер Никола Груевски. Во моментот кога се распишува тендерот тој не извршува никаква функција“, изјавија од ДКСКС.

Со ова паѓа цела црна кампања на СДСМ и Зоран Заев! После ова е јасно дека нивната цел не е вистината туку оцрнувањето! Јасно е дека се било лага и конструкција! Ние тога го знаевме од првиот ден, го знаеше и јавноста, сега само институционално се потврдува. Тоа е клучната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, меѓу нас и нив!

На едната страна имате посветени и квалитетни луѓе кои сакаат Македонија да оди напред, на другата го имате Заев кој од својата фамилија направи клан кој владее криминално со Македонија. На едната страна визија и концепт, на другата криминал, корупција и радикализам.
Овие два концепти ќе се судрат на 12ти Април и ќе победи иднината на Македонија. Ќе победи Мицкоски затоа што е неспоредливо подобар и почесен од Заев, поквалитетен и далеку поголем родољуб. Ќе победи Македонија!

Фејсбук статус на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.