Актуелно 09.07.2024 13:31

Николоски: Неизвесни се платите за 4.400 вработени во Македонска пошта и МЖ

Николоски: Неизвесни се платите за 4.400 вработени во Македонска пошта и МЖ

Неизвесно е дали 4.400 вработени во Македонска пошта, МЖ транспорт и инфраструктура ќе земаат плаат до крајот на годината, бидејќи досегашните раководства ги потрошиле средствата за шест наместо за 12 месеци и затоа за останатите шест месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе можат да земат плата, изјави синоќа министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во Струмица.

На новинарско прашање дали овие вработени ќе останат без плата, министерот рече дека нема да дозволи овие семејства да останат без плата, но, како што додаде, мора да се знае вистината.

Посочи дека според ревизорскиот извештај само за автопатот Кичево-Охрид вредноста е зголемена за 190 милиони евра, а за Железницата рече дека нема ниту една локомотива која е во функција.

„Слично нешто се случува со експресниот пат Прилеп-Градско, којшто за време на кампањата Бочварски и Филипче го пуштаа, ама истиот не само што не е пуштен, туку Македонија може да оди на арбитража заради проблеми во реализацијата на договорот“, рече Николоски.

За состојбата со изградбата на автопатиштата во државата министерот смета дека има целосни промашувања и затоа го повика МВР сериозно да ги разгледа овие случаи.

Николоски вчера во Струмица присуствуваше на одбележувањето на 34 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица.