Економија 17.10.2018 16:02

НИКОЛОСКИ ОД КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ЕПП: Владата на СДСМ со недозволиви методи во политиката дојде на власт само за да го промени името

НИКОЛОСКИ ОД КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ЕПП: Владата на СДСМ со недозволиви методи во политиката дојде на власт само за да го промени името

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во говорот кој го имаше на конференцијата на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ, ЕПП истакна дека во Македонија една легитимна Влада беше заменета со актуелната влада,преку недозволиви методи во политиката единствено со цел да биде пофлексибилна и да го реши проблемот на Грција со македонското име. Во овој случај посочи тој дека европските вредности биле тргнати на страна, но на референдумот тивкото мнозинство преку пасивен отпор упати гласна порака до сите, договорот е лош, народот нема да го прифати.

-Како што знаете Македонија помина низ политичка криза во текот на изминатите години и една легитимна Влада беше заменета со актуелната влада, користејќи недозволиви методи во политиката или методи кои што се на работ на дозволеното. Многумина велеа дека една од причините зошто се случуваше ова во Македонија беше да дојде на власт Влада која ќе биде пофлексибилна и ќе го реши прашањето за името. Најверојатно тоа е точно. Тука европските вредности беа тргнати на страна за една поголема цел. Но прашањето што се поставува е каква е користа од владата која нема поддршка од народот и потпишува договор кој е лош и не може да биде прифатен од народот. Тивкото мнозинство на референдумот кое одлучи со пасивен отпор да остане дома, а не да гласа упати порака до сите. Пораката е дека секогаш е подобро да преговарате подолго и да постигнете добар договор, отколку тоа да го направите брзо и да донесе лош договор кој што луѓето нема да го прафатат, вели тој.

Барањето на Грција, Македонија да го смени името на државата и народот вели Николоски е уникатен проблем кој се коси со човековите права и достоинство.

-Барањето на Грција да се преименува Македонија како и македонскиот народ е уникатен проблем кој се коси со основните човекови права и достоинство. Сепак Грција го користи своето членство во ЕУ и НАТО како алатка за блокирање на иднината на Македонија во овие организации. Ние како земја сме приморани да преговараме за нешто што ниедна друга нација никогаш нема да го направи. Поради силната и цврста позиција на Грција и практичната уцена ние сме заглавено во процесот на членство во ЕУ и НАТО, потенцираше Николоски.