Актуелно 05.11.2018 21:08

Николоски: СДСМ да прекине со теориите на заговор и да одговори кој ме следи

Николоски: СДСМ да прекине со теориите на заговор и да одговори кој ме следи

Во интервју за Канал 5, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во врска со средбата со советникот на претседателот на Република Македонија, Синиша Алексовски вели дека теоритичарите на СДСМ имат бујна фантазија и од сосема случајна средба прават теорија на заговор. Според Николоски тука нема ништо конкретно и дека на СДСМ им е потребно дефокусирање од работи како влегувањето на Охридскиот Рамковен договор во преамбулата и станување на Македонија двонационална држава или дека се зголемуваат даноци па одат со вакви теми.

– “Но има една многу битна работа во соопштението на СДСМ, ние одговоривме како политичка партија и поставуваме јавно прашање и очекувам да одговорат во најбрз можен рок од СДСМ кој тоа мене ме следи. Дали ме следат активисти на СДСМ или ме следат и официјални претставници од МВР и со која цел го прават тоа . Тоа е противзаконито и во оној момент кога ќе имаме документирано кои лица тоа го прават ќе пријавиме во надлежните органи“ рече Николоски.

Во врска со неговото следење Николоски откри дека тоа во изминатиов период се случува многу често и има лошо искуство со вакво следење и дека не верува во случајности. Тој повтори дека СДСМ има бујна фантазија затоа што немаат што да им понудат на граѓаните.