Актуелно 28.01.2020 16:32

Николоски: Со СДСМ економијата тоне, а корупцијата цвета

Николоски: Со СДСМ економијата тоне, а корупцијата цвета

Во Македонија со Зоран Заев корупцијата цвета. Република Македонија падна на 106.место според индексот за перцепција на корупција. Оваа година сме позади Танзанија, Гамбија. Македонија е дефинитивно најлошо рангирана земја во регионот. Дури и Косово е пред нас. За споредба во 2016 сме биле на 90 место, во 2014 Македонија била на 66 место, во 2010 сме биле на 62 место според перцепцијата за коруцпија. Затоа пак во 2003 со СДСМ на власт сме биле исто на 106 место, во 2004 на 97 место а во 2005 година сме биле катастрофално рангирани на 105 место. Со СДСМ на власт корупцијата го достигнува врвот. Со СДСМ економијата тоне, а корупцијата цвета!

Ова го напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на Фејсбук и додаде:

„Додека главни вредности се едно евро за Вицето и едно за црквата, додека имаме на снимка торби полни со пари, додека од бизнисмените се изрекетирани преку 20 милиони евра, додека редовни гости во кабинетите се водачите на криминалните банди, Македонија ќе тоне во корупција. Криминалот е главна одлика на оваа власт во заминување, од најавуваната борба со корупција не видовме ништо, не видовме ништо и од реформите во судството. Заев наместо да ја придвижи Македонија нанапред успеа во само три години да ја донесе државава на исто ниво со Брегот на Слоновата Коска и Монголија. Заедно ќе ја донесеме Македонија во подобро друштво, во друштво со западните држави во кои битката со корупцијата е силна!“.