Актуелно 30.06.2020 14:02

Николоски: Ветуваме економско зајакнување на државата, заштита на македонскиот национален идентитет и силна борба против корупцијата

Николоски: Ветуваме економско зајакнување на државата, заштита на македонскиот национален идентитет и силна борба против корупцијата

Носителот на листа на изборна единица 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вчера оствари средба со жителите на Валандово и валандовско.

Николоски пред граѓаните во село Јосифово посочи дека на 15 јули очекува масовна излезност и поддршка од страна на граѓаните за заедно да ги направат промените во Македонија.

– Само со масовна излезност на 15 јули мижеме да ја направиме ппсакувамата промена во Македонија. Тие сакаат да останете дома, ное ве повилуваме на масовна излезност. Тие сакаат да сте со свитка кичма, ние сакаме горди Македонци. Тоа е разликата, тоа е непроменливата разлика помеѓу нас и нив. Она што го глесам овие 6 дена од кампањата, без разлика дали е тоа Струмица, Гевгелија, Демор Капија, Неготино, Кавадарци, Росоман, Прилеп, Могила, Новаци, еве денес тука Валандово, валандовско, Богданци, Дојран, секаде две работи исти слушам од луѓето. Луѓето се чувствуваат понижени и прегазени заради предавствата, заради рушењето на националното достоинство, промената на името, двојазичноста и продажбата на историјата, вели Николоски.

Николоски истакна дека граѓаните се разочарани од лошата економска состојба во државата, додавајќи дека нема град и село од четвртата изборна единица каде што не го слуша тоа, како и дека токму поради ова заедно со народот ќе го победи Заев на домашен терен.

-Луѓето се чувствуваат потиштени поради лошата економска состојба која што ја зафати Македонија. Нема човек, нема крај од четвртата изнорна единица кој што тоа не ми го вели. Тоа го слушам од секаде и затоа сум убеден дека мојата цел а тоа е да дојдам токму во оваа изборна единица и заедно да го победиме Зоран Заев дома ќе се случи затоа што луѓето чувствуваат дека е потребна промена. И затоа Зоран Заев бега од дуели, го повикав од сабајле да дојде на дуел да ги соочиме програмите, концептите, визиите за она што го имаме како идеја во четвртата изборна единица, но слушам дека избегал од тој дуел. Како што го повикувам веќе четврти ден да излезе во јавноста и да каже дали е спремен да го докаже потеклото на својот капитал и на своеѕо семејство стекнато во овие 18 години колку што е вкупно на разни позиции, дали е спремен да го докаже своето богатство и богатство на своето семејство.

Николоски додаде дека еден од столбовите е борба против корупцијата и криминалот, укажувајќи дека во првоте 100 дена од формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се предложи закон до собранието за испитување на богатствотот на сите јавни личности кои биле дел од политичка сцена озминатите 30 години.

-ВМРО-ДПМНЕ има план во првите 100 дена власт да изгласа закон со кој што ќе се испитува потеклото на капитал и на богатство на сите јавни личности кои што се занимавале со политика и имале јавни функции во пвие 30 години, за да видиме кој, како и на кој начин го заработил богатството. Четврти ден го повикувам и четврти ден бега од одговор, затоа што одговорот е јасен и затоа бега. Но, бегање од тој закон нема да има, на сите ќе им биде испитан капиталот и богатството кое го стекнале ако заработиле чесно нека им е со среќа, но ако не како во сиот развиен свет, 70 проценти ќе им биде оданочено од државата. Така се прави држава, така се прави ред, рече тој.

Николоски од село Удово истакна дека маката на земјдолеците е голема, ветувајќи удар на зелената мафија односно како што рече тој потребно е еднаш засекогаш да се стави крај за да коже трудот и маката на зенјоделците да биде почитуван.

Огромната мака на земјоделците, крставиците стигнаа ма 5 денари за килограм, кромидот или никој не го купува или ако го откупува е од 5 до 10 денари. Тажно и понижувачки.

Ќе зададеме силен и директен удар на зелената мафија. Еднаш засекогаш да се стави крај и да можат да се сигурни земјоделците дека ќе им се почитува трудот.

Основен проект во земјоделието е обезбедување на 200 милиони евра кои што ќе бидат во вид на обновливи бескаматни револвиг кредити за да можат да се формираат мали и средни претпријатија за откуп. За да можат луѓето кои што одгледуваат да се организораат меѓу себе и еден од нов да го врши откупот и да не треба да зависат од зелената мафија. Тоа ќе значи гарантиран откуп и тоа ќе значи гарантирана цена од државата. Тоа го ветуваме, тоа ќе го направиме за да не ви го јадат трудот и да не ви ја јадат маката.
Тоа е нашето основно ветување во делот на земјоделието, вели Николоски.

Покрај 200 милиони евра за земјоделците за формирање на мали и средни претпријатија за откуп на земјоделските производи. Николоски вети и укинување на законот за тутун, истакнувајќи дека нема да смее да се увезе кило тутун додека не се откупи домапниот тутун.

На првата седница на влада го укинуваме законот за увоз на тутун и кило тутун не смее да се увезе во Македонија пред да се откупи домашниот.

За доматите поради тоа што не им се исплаќа да ги купуваат оттука, смислиле бандитите, увезуваат домати од Турција. За да увезуваат од Турција треба дома да нема производство. За да нема дома производство истите тие продаваат расад, а расадот во моментот чини најмалку 7 денари по семка или кога ќе го преведите во еден килограм, во моментот килограм за расад домат е поскапо од килограм злато и затоа луѓето одлучуваат да не садат домати.

Ние ќе создадеме директен удар на зелената мафија бидејќи не смее 5 луѓе да се милионери а вие да работоте од утро до мрак, порача Николоски.

Николоски се осврна и на распродажбата на националните и државни интереси, историјата и идентитетот од страна на актуелната власт на СДСМ и Зпран Заев нагласувајќи дека она што се градело со децение, за што гинеле луѓе, Заев го променил за само три години.

Тоа што со генерации се создавало, за тоа што гинеа луѓе, тој го промени за три години. Го смени името на државата, се воведе двојазичност и каде што треба и не треба и почна трговија со тоа што те треба да биде предмет на теговија, тоа е македонската историја, македонските национални херои и македонскиот јазик.
Николоски порача дека очекува голема и масовна поддршка од страна на жителите на село Јосифово и Удово, додавајќи дела овие избори се најбитните изборо бидејќи се работи за зачувување на Македонија и македонизмот.

Ќе имаме тешка битка. Многу тешка битка, зачувување на Македонија и македонизмот и затоа според мене ова се најбитните избори на кои што излегуваме, изјави Николоски.