Актуелно 03.12.2019 20:57

Николоски во интервју за КУРИР: Европските и светските лидери се разочарани од Заев, се срамат што некогаш го поддржувале

Николоски во интервју за КУРИР: Европските и светските лидери се разочарани од Заев, се срамат што некогаш го поддржувале

Немам јас повеќе информации од тоа што има Владата, но има суштинска разлика помеѓу мене и МНР или претседателот на Владата, а тоа е дека јас истите ги изнесувам во јавност со цел на тој начин да алармирам нешто да се поправи, а Владата ја става главата во песок или ѓубрето под тепих. Односно, наместо да се соочи со тие информации и како Влада проактивно да ги решава, бега од истите мислејќи дека нема да се случат.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Јас уште минатата година, уште пред да се потпише Преспанскиот штетен договор велев дека дури и да се потпише тој договор, Македонија нема да потпише преговори во 2018-тата година. Заев велеше дека мора што побрзо да се потпише Преспанскиот договор и затоа го потпиша на 17-ти јуни за вече на 29-ти јуни кога беше европскиот Совет, Македонија да добие датум за почеток на преговори. Видовте дека не се случи така, истакнува тој.

Николоски оценува дека постои тотално разочарување од Зоран Заев.

-Сите нека размислат кога Зоран Заев последен пат бил поканет во главен град во било која држава надвор од соседството на билатерални средби. Не зборувам на средби каде има 30-40 државници, па сакале-не сакале мора да ве поканат. Кога последно бил во Лондон, Мадрид, Вашингтон, дали воопшто бил во Париз? Нека одговорат гледачите на тие прашања и ќе им стане јасно што мислат европските и светските лидери за Заев. Да не зборувам за скандинавските земји или за земјите од Бенелукс каде и генерално има една поголема скепса кон проширувањето. Тотална разочараност постои од него и на дел од нив им е срам што еден период имаше на силна поддршка кон него лично и кон СДСМ. Тоа е тоа, сите сме живи луѓе, сите правиме грешки, правиме грешни проценки, но добро е што ги увидоа и веќе односот кон Македонија се менува и можеме да го видиме сите, анализира Николоски во интервју за КУРИР.

Во интервјуто за КУРИР, Николоски ексклузивно најави дека ВМРО-ДПМНЕ во следниов период ќе има интензивна меѓународна активност.

-Ќе одиме на дестинации каде што Заев не го примаат, истакна Николоски.