Актуелно 24.01.2020 14:51

Николоски: Заев не е во Давос, го канеа само кога требаше да го промени името

Николоски: Заев не е во Давос, го канеа само кога требаше да го промени името

Денес завршува Светскиот Економски Форум во Давос. На форумот беа поканети бројни светски лидери, директори на корпорации, влијателни политичари, професори и многу други влијателни личности во политиката и економијата во светот, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на Фејсбук.

Во Давос ги немаше ни Зоран Заев, ни Стево Пендаровски оваа година, немаше никој! Покана не доби ни техничкиот премиер Оливер Спасовски, ни екс премиерот. Ова е уште еден доказ дека светските лидери ни на крај памет не им е да седнат на иста маса со корумпиран политичар како Зоран Заев. Откако го промени името заврши блескавата дипломатска офанзива на Заев и неговата Влада. Додека требаше да го менува името го канеа во Давос. Да ги види Алпите и да се израдува дека е дел од светскиот политички крем. Го промени името, се искорумпира и завршија со него. Му заврши уоптребната вредност. Заев и Пандаровски го изгубија својот кредибилитет кај политичките лидери. Додека сме на 106 место во светот според индексот на корупција, рекордно најлошо, сме далеку од правиот пат…

Обновата доаѓа!

Во прилог слика од средбата на Хрватскиот Премиер Пленковиќ со шефот на Епл Тимоти Кук. Нели Заев ќе ги донесеше Фејсбук и Гугл, додека Заев лаже другите остваруваат, напиша Николоски.