Извозот на пролетната зелка оваа година во споредба со лани е зголемен за 34 отсто, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Николовски во одговорот посочи дека од почетокот на февруари досега се извезени околу 32,2 милиони килограми зелка во вредност од близу 9,6 милиони долари, а лани од почетокот на февруари до 30 април се извезени 24 милиони килограми зелка во вредност од 6,6 милиони долари.
Во однос на откупната цена на пролетната зелка, министерот Николовски посочи дека годинава цената почна со 40 денари, а во изминатите години се случувало откупната цена да заврши со 5 денари за килограм.
Извозот се реализира во околу 25 земји од Европа и пошироко. Според анализите на МЗШВ, периодов се намалува понудата на пазарот и цената на зелката ќе се зголемува, во моментов откупната цена е 10 до 11 денари.