Актуелно 31.05.2018 12:22

Никос Ламбридис од Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ќе биде предавач на 10тата Конференција за човечки ресурси

Никос Ламбридис од Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ќе биде предавач на 10тата Конференција за човечки ресурси

„Секој има развиено свој емотивен и однесувачки модел уште од многу мала возраст. Она што навистина е важно за менаџерот е да знае да препознае како промената ќе влијае на емоционалниот систем на поединецот, но и на остатокот од организацијата, тимот, па дури и семејството на поединецот, затоа што промената во организацијата создава „ефект на бран“. Менаџерот мора да ја знае психологијата и културата на организацијата за да може да го разбере моделот – процес – личност – контекст – време. Од голема важност е вработените да ги ставиме во јадрото на организацијата, особено за да ја разбереме нивната природа која понатаму ќе ја насочиме кон целите на организацијата. Очекувам своите знаење и искуства да ги споделам со голем број луѓе од полето на човечки ресурси, а преку дискусии да го надградам дури и своето знаење“, вели Ламбридис во пресрет на предавањето.

Во фокус на годинешната, јубилејна конференција ќе бидат основните потреби, но и највисоките цели на цивилизираниот свет, а тоа е почитта кон луѓето, поддршка на нивниот развој и признание на нивната непроценлива важност во организацијата. Како и претходните години, така и оваа, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ја подржува Конференцијата за човечки ресурси на која што покрај Ламбридис, предавања ќе имаат уште 6 други експерти од областа на човечките ресурси, а исто така пријавени се учесници професионалци од областа, и од околните држави.

За повеќе информации поврзани со конференцијата, но и за регистрација проверете на официјалната веб страница на конференцијата.