-Бојкотот на претседателските избори значи апсолутно прифаќање на статусквото и капитулантскиот договор од Преспа. Ако се бојкотира тоа значи да не успеат тие избори и тоа значи дека Талат Џафери ќе биде некое време претседател на државата. Сите тие барања, апелирања за бојкот одат во корист на власта и се против македонизмот во целина, бидејќи објаснувањата ако ги даваат дека со излегување на тие избори де факто прифаќаш Северна Македонија, која е измислена и непостоечка држава, тоа е апсолутно погрешно, вели Никовски
Според Никовски, граѓаните треба да излезат масовно на претседателските избори и да гласаат за Гордана Силјановска која е кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека само на тој начин ќе започне процесот во борба за опстанок на македонскиот народ.
-Тоа е таа реалност и ако ти таа реалност не се обидеш да ја промениш, а можеш да ја промениш само со излегување на изборите гласајќи за кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој има поинакви ставови и е против тој договор ти де факто го прифаќаш статус-квото. Затоа потребно е сите да излезат на избори и да гласаат за кандидатот на опозицијата и да се отвори еден процес во борбата на македонскиот народ за опстанок, порача Никовски.