Поранешниот амбасадор Ристо Никовски во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија коментирајќи го азилот кој поранешниот премиер Никола Груевски го доби во Унгарија, посочи дека притворот за голем дел од поранешни високи партиски и државни функционери на ВМРО-ДПМНЕ е чист реваншизам на власта кон опозицијата.
Тој истакна дека во Македонија власта на СДСМ предводена од Зоран Заев спроведува политички прогон во кои жртви се голем број членови на опозицијата.
-Ова што го велите за неговите соработници кои се исто така дел од тој политички прогон кои се сега ставени во притвор. Знаете тоа е чист реваншизам. Затоа што во светот кога еден авион ќе падне, одма полетуваат други да покажат дека не е крајот на светот. А кај нас еден избега во ред и за тоа има вина кај тие што го следеле и го прателе и ги апсат сите други. Тоа е чист реваншизам разбирате. Чист реваншизам затоа што ако велам авионот паднал летаат други, а овие одат во друга крајност, истакна Никовски во дебатата со Бранко Геровски.