Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ ги отпушти сите свои пилоти и кабински екипаж кои не сакале да се релоцираат надвор од Холандија, пренесуваат светските медиуми.
Според информациите, ирската компанија поднела барање за колективен отказ на холандскиот персонал до холандското Биро на вработување.
Со оглед на тоа што на вработените им било понудено преселување на далечни дестинации како Мароко и Белорусија, повеќето одбиле.
Повикувајќи се на лошите економски резултати во Ајндховен, авиокомпанијата го обвини персоналот.
Британски „Дејли мејл“ го цитира портпаролот на синдикатот VNV, која рекол дека мотивот за преместување на бизнисот од Холандија не е поттикнат од лошите економски резултати, туку неподготвеноста на компанијата „Рајанер“ да ги почитува правата на работниците во оваа земја.