Актуелно 02.06.2020 14:09

Ниту еден заразен од коронавирус меѓу вработените во градинките од овие четири општини

Ниту еден заразен од коронавирус меѓу вработените во градинките од овие четири општини

Нема ниту еден позитивен на коронавирусот од вработените во детските градинки во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и во Македонски Брод, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје.

Сите 242 вработени се негативни.

Ова се резултатите од скринингот на вработените во градинките кои беа тестирани на 28 и на 29 мај.

Според општините, во Прилеп се 192 лица, во Кривогаштани пет вработени, во Крушево 21 и 24 вработени во Македонски Брод.