Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита НЛБ банка ќе ја врши од денес понеделник (5 февруари).
Клиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош на банкоматите во секое време. Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, исплатата ќе се реализира согласно определениот редослед.
Распоредот е направен по азбучен ред, според првата буква од презимето на корисниците:
понеделник (5 февруари) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
вторник (6 февруари) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Од НЛБ банка ги потсетуваат клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. ()