Поранешната пејачка Ноне Неделковска призна дека ѝ недостасуваат патувањата, па објави слики од плажа на Ибица со коментар „Физички сум во Македонија. Со мислите сум на Ибица и веќе го нарачувам третиот коктел“.
Откако со години работеше на брод и патуваше на егзотични и интересни локации, Ноне последниве месеци заради пандемијата е во Македонија. Таа времето го поминува со семејството и пријателите, а по долго време и роденденот и Нова година ги славеше со најблиските.