„Nothing“ ќе го претстави моделот „Phone (2a) Plus“ на 31-ви јули, а сега протекоа комплетните спецификации на уредот.
„Nothing Phone (2a) Plus“ ќе користи чипсет MediaTek Dimensity 7350, во комбинација со до 12 GB RAM, а тоа го откри и самата компанија претходно.
Кога станува збор за останатите карактеристики, гласините сугерираат дека телефонот ќе има ист диспле како и моделот „Phone (2a)“, односно ќе има големина од 6,7 инчи.
Ќе биде достапен во сива и црна боја, но со малку поинаков финиш во споредба со моделот „(2a)“.
Селфи камерата е надградена до сензор од 50 MP, додека опцијата за полнење на батеријата е до 50 W. Овие два параметри, како и споменатиот нов чипсет, се единствените надградби кои „Nothing Phone (2a) Plus“ ги имплементира во однос на моделот кој го нема „Plus“ во името.
„Nothing Phone (2a) Plus“, наводно, ќе пристигне со две опции за меморија: 8GB и 12GB. Доаѓа и со 256 Gb простор за складирање податоци.