Минатата година беше објавен јавен повик за ревидирање на списокот за лектири.
Во изборот учествуваа наставници, родители, издавачки куќи, Друштвото на писатели на Македонија и професори од катедрите за книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и од Институтот за македонска литература.
До Бирото за развој на образованието стигнаа многу предлози, а деновиве конечно е објавен новиот список.
Меѓу новите наслови кои се на списокот се „Кифличката Мирна“ од Оливера Ќорвезироска, „Легенди за Марфи Компирката“ од Овен Колфер, „Скокни – прескокни“ од Васил Мукаетов…, а за девето одделение како задолжителна лектира вратена е и светската класика „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери.
Списокот на лектири е сменет и дополнет и за наставата на албански, турски и српски јазик.