Актуелно 12.03.2019 08:02

Нов заевизам: Холокаустот бил традиција (ВИДЕО)

Нов заевизам: Холокаустот бил традиција (ВИДЕО)

Гебелсовата пропаганда е жива и на денот на одбележувањето на 76-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка! Но, како што нацистите не успеаја во намерата да го сотрат еврејскиот народ, така и владината служба за односи со јавноста не успеа да ја сокрие вистината, пишува Република.

Премиерот Зоран Заев кусо по почетокот на говорот на комеморативна свеченост во Македонскиот народен театар меѓу другото рече „Холокаустот не е само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска војна“, што може да се протолкува како антисемитистичка изјава.

Холокауст означува масовното систематско убивање на околу шест милиони европски Евреи, во периодот од 1941 и 1945 година, па самата употреба во контекст дека бил еврејска традиција значи антисемитизам.

-Она што е поскандалозно од изјавата на Заев е што владините служби дадоа сè од себе да го сокријат овој дел од говорот. Во официјалните материјали испратени до медиумите од владината прес-служба, кои содржат фотографии од настанот, говорот на премиерот и видеоснимка од обраќањето, овој дел е коригиран „со сечење, лепење и монтирање“, пишува Република.

Холокаустот не е само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња.

Лапсуси им се случуваат и на големи државници, а на лапсуси од нашиот премиер особено сме навикнати. Ужаснува пристапот на владините служби и пропагандата која се подготвени да ја спроведат. Овој лапсус сигурно ќе поминеше незабележано, но владината пропаганда – никако!

Најнови вести