Економија 19.04.2018 10:51

Нов Зеланд ги забрани бушотините за откривање нафта и гас

Нов Зеланд ги забрани бушотините за откривање нафта и гас

Нов Зеланд ја зачуди енергетската индустрија со забрана на бушотините за пронаоѓање нафта и гас во близина на брегот.

Причината е обид за сузбивање на климатските промени, пренесуваат медиумите.

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн неодамна најави дека владата „повеќе нема да издава нови дозволи за експлоатација на нафта и гас.“ Во својот говор додаде дека ова го смета за „уште еден чекор во преодот од фосилни горива кон јаглеродно неутрална економија“.

Камерон Маџвик, директорот на Здружението за истражување и производство на нафта на Нов Зеланд, рече дека „оваа одлука е неповолна за економијата и околината на Нов Зеланд“.

„Бидејќи нафтата се произведува за да одговори на зголемената глобална побарувачка, да се оневозможи производството во Нов Зеланд ќе значи само другите земји да ја произведат, а ние ќе мораме да ја увезуваме по повисоки цени“, кажа Маџвик.

Додавајќи дека нафтената индустрија вработува повеќе од 11.000 луѓе во „најпрометните“ периоди.