Банкарство 21.02.2024 08:09

Нова блок трансакција – Вложени 412 илјади евра во 2.000 акции на Комерцијална банка

Нова блок трансакција – Вложени 412 илјади евра во 2.000 акции на Комерцијална банка

Нова блок трансакција со акциите на Комерцијална банка. Откупени се две илјади обични акции во вредност од над 412 илјади евра.

Кога се работи за блок трансакциите, продажбата на акциите е за познат купувач кој, во случајот, платил 12.700 денари за акција. Или, целосниот износ е 25.400.000 денари.

Овој блок на акции претставува 0,09 отсто од основната главнина на капиталот на најголемата македонска банка.

И минатата недела имаше информација за овој вид трансакции со акциите на Комерцијална банка, кога преку четири блока беа вложени повеќе од 225 илјади евра за вкупно 850 акции. Тогашната цена за акција беше 16.300 денари.

Во последно време чести се берзанските објави за вложувања во акциите на Комерцијална банка од страна на лица од раководните структури. Со по сто акции сопствените удели ги зголемија двајцата директори и членови на Управниот одбор, Билјана Максимовска – Поповиќ и Илија Илоски, како и Горан Антевски кој е во составот на Надзорниот одбор на Банката.

()