Живот 01.08.2024 14:16

Новa меѓународна компанија влегува во сметководствениот сектор во Македонија

Новa меѓународна компанија влегува во сметководствениот сектор во Македонија

Словенечката компанија „Унија холдинг“ ги купува македонските компании „Унија смарт акаунтинг“ и „Унија консалтинг“ преку стекнување на сто проценти од сопственоста.

Словенечката компанија е холдинг на компании односно управува и има капитално учество во субјекти кои обезбедуваат финансиски услуги, како што се сметководсто, ИТ решенија и советување, пишува Блумберг Адриа.

Сопственик на мнозински удел од 60 проценти во словенечката компанија е „ЕТЛ интернешнл“, меѓународна компанија која има повеќе од 500.000 клиенти и свои претставништва на повеќе континенти. Имено, таа е сопственик на друштва од целиот свет кои работат во областа на даночното советување и сметководството и претставува светска интердисциплинарна мрежа на професионалци и меѓународна деловна платформа.

Најнови вести