Живот 10.03.2021 16:07

Нова преписка меѓу брачниот пар Орданоски: Роберт напиша, па го избриша статусот (ФОТО)

Нова преписка меѓу брачниот пар Орданоски: Роберт напиша, па го избриша статусот (ФОТО)

Брачниот пар Орданоски повторно вербално се пресметува преку социјалните мрежи.

Роберт Орданоски објави статус во кој ја обвинува својата поранешна сопруга Агнеса дека „само мажите ѝ се вртат во главата“, алудирајќи на нејзините одговори за интервјуто во „Женски магазин“. Тој подоцна се испишмани и го избриша статусот!

Но, интернетот памти сè – еве го и статусот на Роберт.

Познатата двојка имаше скандалозни препукувања на социјалните мрежи поради нивните брачни несогласувања.