Економија 24.01.2024 08:43

Нова цена на златото, до крајот на годината поскапо за 10 отсто

Нова цена на златото, до крајот на годината поскапо за 10 отсто

Цените на златото би можеле да пораснат за 10 отсто до крајот на годината поради потенцијалното намалување на каматните стапки, објави Швајцарската банкарска корпорација УБС.

Златото, и покрај малиот пад на почетокот на 2024 година, сè уште се држи над границата од 2.000 долари за унца, а до крајот на годината би можело да се искачи на 2.250 долари бидејќи не треба да се потцени „моќта на пресвртот на американската централната банка“ во однос на каматните стапки.

Канадската Скотибанк е повнимателна и верува дека унца злато ќе чини 2.000 долари на крајот на тековната година.

Во изминатата година златото поскапе за 15 отсто во однос на 2022 година. Цените на златото се под влијание на различни фактори како што се геополитичката нестабилност и несигурноста на пазарот, кои ја прават златната шипка „безбедно засолниште“ за капиталот, пренесува Танјуг.

()