Банкарство 11.12.2023 09:55

Нови членови во Управниот одбор на Стопанската комора

Нови членови во Управниот одбор на Стопанската комора

Собранието на Стопанската комора на Македонија избра нови потпретседатели на УО – Анита Блажевска (41) – Филип Морис ТКП и Ирена Јакимовска (50) – Комфи Ангел. Во УО се избрани и Снежана Савиќ Димовска (45) – Пивара Скопје АД, Ана Таневска Ѓерѓиевска (41) – Македонија турист АД-Скопје и Горан Мауровски (37) – Факом АД Скопје. Во тек е постапка за вклучување на Јордан Димитровски (44) – Аитоникс, Жарко Димитриоски (34) – „БД група и Аријана Коскаровска (34) – Креатив хаб. Исто така зајакнат е и советничкиот тим со Кристофер Сандерс од СР Германија како специјален советник на претседателот на СКСМ, Бранко Азески.

Овие кадровски засилувања доаѓаат пред новите предизвици врзани со претседавањето со Балканската коморска асоцијација, формирањето на Институтот за извоз, Берзата на трудот, Центарот за микро, мали и средни претпријатија, Тимот 40 – Асоцијација на млади претприемачи и Советот за напредни технологии.

Во УО на Комората се наоѓаат и Александар Гечев, Анатол Кутрески, Зоран Милковски, Александар Манев, д-р Никица Мојсовска Блажевска, сите на возраст помеѓу 30 и 45 години.

Континуираните кризи од 2008 до денес (економска, финансиска, здравствена, енергетска), го принуди потпретседателскиот тим на Комората Сашо Наумоски, Сашко Самарџиоски, Глигор Цветанов, Драгана Чифлиганец и Виктор Мизо, најголемиот дел од своето време да го поминат во своите компании и околу сопствените бизниси. Сега тие оперативно ќе помогнат и на Комората, од што бенефит ќе имаат и сите компании, соопшти Стопанската комора. ()