Актуелно 31.07.2024 08:38

Нови даноци за богатите и сиромашните

Нови даноци за богатите и сиромашните

Владата планира воведување на нов данок. Производството во домашни услови на кондиторски и пекарски производи, козметички услуги како шминкање, фенирање или изработка на нокти, изработка на накит, пуканки или шекерна волна и слични производи државата планира да ги стави во системот, односно за нив да се плаќа паушален данок.

Од Управата за јавни приходи за Телевизија 24 велат дека за нивно одданочување ќе се користат постоечките граници за пресметка на паушален данок.

„Нето основицата за пред оданочување за 2024 година се добива како разлика на годишната бруто просечна плата која е пресметана врз основа на просечните бруто плати објавени од Државниот завод за статистика во месеците од јануари до декември 2023 година. Максималната основица се две годишни бруто просечни плати, а минимална основица е усогласена со обврската за минимална плата согласно Законот за минимална плата.“ – велат од УЈП.

Од УЈП информираат дека висината на паушалот зависи од дејноста, просечно исплатена плата во дејноста според државниот завод за статистика, видот на производот, цената на производот, локацијата каде се врши дејноста.

Дополнително, дали паушалистот вработува до едно лице, возраста на лицето и слично. А во исто време кога државата планира да ги одданочува микро дејностите, крои планови како да им ги намали давачките на компаниите, и тоа по основ на данок на добивка. Премиерот Мицкоски пред бизнисмените соопшти дека се прават анализи, но пред се с да го види приходот во буџетот по основ на даноци.

Планот е, наместо данок од десет проценти големите компании да плаќаат само пет отсто.

Најнови вести