Актуелно 09.02.2019 13:30

Нови демонстрации на „жолтите елеци“

Нови демонстрации на „жолтите елеци“

Во Париз едни демонстрации се пријавени во префектурата, со почеток во 10:30 под  Триумфалната порта, а дефилето потоа ќе тргне по Елисејските полиња, ќе се движи долж Сена се до Националното Собрание за да пристигне на Шан-Марс, во подножјето на Ајфеловата кула.

Истовремено, во главниот град се планираат уште три непријавени собири според префектурата, што не ја исклучува можноста за формирање или прегрупирање други „неформални собири и процесии“.

Демонстрации на „жолтите елеци“ се предвидени и во другите француски градови, но тие не се најавени во префектурата, а и местата на собирите се држат во тајност се до последен момент.

Како и во претходните викенди, ќе бидат заштитени чувствителните сектори околу институциите, а во Париз, како и во другите поголеми градови, ќе бидат распоредени големи полициски сили

Според истражувањето на ЈуГов, објавено во четвртокот, речиси две третини  (64 проценти +2) од Французите продолжуваат да го „поддржуваат“ движењето на „жолтите елеци”, кое бара поголема даночна правичност и одржување на куповната моќ, , а 77 проценти (+3) ја оправдуваат нивната мобилизација.